Факт е дека животинската шара никогаш нема да излезе од мода, од сезона во сезона видот на принт се менува, понекогаш се актуелени дезенот на леопард и на змија, периодов ќе го носиме оној на зебра.
Оваа монохроматска шара лесно се интергрира со базичната облека и еднобојните парчиња. Бирајте само една облека со овој принт, како на пример здолниште, фустан, панталони, блуза, и комбинирајте го со поедноставени парчиња (бела маица, здолниште во неутрана нијанса). За вечерен изглед одличен избор е фустанот со оваа шара, а за рокерски изглед во стилот на 70-тите може да носите зебра-фармерки. За посмирен изглед, ќе носите само чанта или чевли со овој принт.
И да, летово можете да изберете и костим за капење со шара на зебра.
Нема коментари