Повеќето експерти и нутриционисти тврдат дека спориот метаболизам е главната причина за вишокот килограми, а решението е да се пронајде природен и здрав начин тој да се забрза. Следниов напиток на база на зелен чај е алтернатива на познатaта Sassy вода и нуди решение за топење на мастите и забрзување на метаболизмот на организмот. Потребни се неколку состојки:
• 1 литар зовриена вода
• 5 кесички зелен чај
• 1 портокал (може грејпфрут или лимон)
• Една ракатка свежо нане
Зовријте ја водата и во неа ставете ги кесичките чај на три минути, потоа оставете го чајот да се олади. Очистете го портокалот и исечето го на парчиња, додадете ги во оладениот чај и дополнете со свежи листови од нане. Напиотокот оставете го фрижидер неколку дена за да се соединат состојките. Пијте го три пати дневно пред јадење, а резултатите се видливи веќе после седум дена.
Нема коментари