Во летните месеци, дури и оние кои обожаваат да носат гардероба во црна боја од глава до петици, ќе почувствуваат предизвик да експериментираат со интензивни тонови и необични комбинации како на пример црвена со розова. Сега има нови нови комбинаниции на бои кои се издвоија летово и ги забележавме на Инстаграм, па вреди да ги пробате. Некои одговараат на жените што сакаат монохроматски и минималистички стил, а комбинацијата на зелена со портокалова ќе ја сакаат оние со еклектичен и посмел изглед.
КАФЕНА + БЕЖ
Се смета дека ова е комбинацијата на бои изгледа доста луксузно. Кафената е боја од која многумина бегаат, но сепак, блуза во боја на лешник изгледа шик со беж костим.
ПОРТОКАЛОВА + ЗЕЛЕНА
Можеби звучи страшно, ама изгледа свежо и летно. Оставете едната боја да доминира, а втората вметнете ја преку модни додатоци.
РОЗОВА + КАФЕНА
Овој микс е одличен за преодниот период од лето во есен, бидејќи комбинира една летна и една есенска боја.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари