Македонската супермоделка Катарина Иваниовска неодамна ја најави својата хуманитарна фондација, „Катарина Ивановска Фондација“ и својата прва колекција на маици под името „Парго“, од чија продажба ќе се собираат средства наменети за поддршка на деца од социјално загрозените семејства. Сега веќе може да ги набавите летните маици на „Парго“ и тоа на следниве места: на продажниот пулт кој од денес ќе биде поставен на плоштадот Македонија, како и во кафулето „Концепт 37“ и во ракија барот „Калдрма“ во Стара скопска чаршија. Дел од колекцијата „Парго“ ќе биде достапна за сите заинтерсирани кои ќе учествуваат и присуствуваат на Скопскиот Маратон закажан за 11 Мај.
Нема коментари