Долго време скандинавскиот стил го поврзувавме со минималистички форми и мирни нијанси, но новата мода што доаѓа од Осло, Копенхаген и Стокхолм потврдува дека Скандинавките многу добро вметнуваат јаки бои во нивната гардероба и одлично „играат“ и со комплицирана силуета.
Скандинавските ѕвезди на улична мода поставуваат трендови, прават микс од разни стилови, носат трендовски фармерки и панталони, лежерни патики и строги палта, бомбер јакни и блузи со принт, чевли во јаки бои и најмодерните чанти оваа сезона. Да ѕирнеме во пролетнит стил на некои од Скандинавките кои важат за светски стилски ѕвезди.
ЕМИЛИ СИНДЛЕВ
Данката Емили е експерт за колор комбинации – таа меша зелена и розова, виолетова и сина, црвена и розова… Сака смели дизајни и јаки бои. Хит боја пролетва ѝ е зелената во сите нијанси.
ТИНА АНДРЕА
Тина во својата пролетна гардероба се потпира на класични црно-бели нијанси, разигрувајќи ги со додатоци во јаки бои. Вешто комбнира снежно-бел костум со зелена чанта со потпис на Bottega Veneta, носи црна комбинација со бели детали, бел фустан со зелена чанта, а ќе ја видите и со фармерки, патики и карирани сакоа. И нејзе зелената ѝ е омилена периодов.
ДАРИЈА БАРАНИК
Норвежанката Дарија прави микс од пролетни костуми со класичен крој, панталони со изрез, свилени фустани во миниалистички стил, фармерки, јаки бои и леопардов дезен.
ПЕРНИЛ ТЕЈСБЕК Гардеробата на познатата данска инфлуенсерка е пример за тоа како минимализмот може да биде забавен. Добро се снаоѓа во каква било комбинација, сепак, најчесто за нејзиниот секојдневен изглед, таа избира интересни сакоа, кои вешто ги комбинира со фармерки, хеланки со ленти и чевли во јаки бои.
Нема коментари