Светлокафените тонови се ултимативен колор тренд во машката мода оваа пролет, поточно сите нијанси на песокот – од беж до потемни тонови на кафена. Наместо црна и тегет како зимски бои, пролетта изгледа убаво со облека во светли песочни тонови. Ова се поклопува со трендовите на сезоната како сафари стил и навраќање на модата од 70-тите, естетика што ја видовме на писта кај некои машки колекции, но и во уличната мода. Како да ги носите овие тонови? Во монохроматска верзија, деликатно внесете ги во вид на луксузна чанта или додаток како ремен, сублимирани во вид на безвременско парче гардероба како што е мантилот.
Нема коментари