После делата „Пулсот и времето“ и „Ехо на слободата“ Ана Јовковска ја промовира својата трета книга насловена „Сакам, значи постојам“, утре, 21 декември, со почеток во 12 часот, во книжарницата на Три во ГТЦ. Новата книга е најавена како духовно патување од и кон себеси, книга за потребата овој комплициран свет да се спаси со љубов и добрина. Издавачот на книгата Три, вели дека Ана ќе ни го открие совршениот рецепт за неодоливиот колач направен од љубов, добрина и слобода.
Нема коментари