Утре во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи првата промоција на новиот дизајнерски бренд „ЕЈСИ“ и продажна изложба на нивните прозводи намодерен и алтернативен мебел. Младиот бренд нуди поинаков начин на секојдневно живеење, алтернативни рачно изработени решенија со врвен квалитет, уникатни парчиња со повеќе функции и форми и акцент на естетиката и свежината, но пред се удобноста и ергономичноста на производите. На промотивната изложба ќе се запознаете со портфолиото на овој млад бренд во кое има фотелји за возрасни и за деца, декоративни перници, а во исто време ќе имате можност лично да ги тестирате производите и можеби да си набавите ново парче за домот, дворот и канцеларијата.
Нема коментари