Don’t crush the groove, bust a move! Нова „Groovy“ колекција на Dreadpen
Македонскиот бренд Dreadpen утре, 9 мај, со почеток во 18 часот, во скопското кафуле „Излет“, ќе ја промовира новата колекција за пролет-лето 2019 наречена „Groovy“. На позната локација со добро проверен тим Dreadpen ве очекува на своја кожа да го почувствувате грувот на уникатни, кул и доста нови и различни парчиња!
-И оваа сезона продолжувам да креирам за своја душа. На мое огромно задоволство моите колекции се широко прифатени и барани што ми докажува дека луѓето се гладни и жедни за нови парчиња и очекуваат што следно ќе направам. Тоа ме мотивира и да ги проширувам колекциите. Оваа сезона сакам убавите луѓе да бидат облечени од глава до пети во парчиња со мој потпис. Нема поголемо задоволство од тоа да видиш твое парче „супер легнато“ на стилот на некоја рандом личност на улица – вели Давид Ристестки, творецот на Drеadpen.
На утрешниот настан ќе биде достапна новата колекција, а парчињата се лимитиран број. За грувот на грамофони ќе се погрижи Double G од Скопски Грув.
Подготвена е и фотосесија со новите парчиња, ја фотографираше Елена Фиданска, со Марина Никушева и Анастазија Николовска како модели, и супер засилување од Андреј Мишев. Пријателите Buzz Sneakers секогаш се тука со надополнување од најдобрите модели на патики.
Нема коментари