• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако

Од stylist @StylistMKD · На февруари 26, 2020

cako (13)

Во емотивна атмосфера, со музички и танцов перформанс, проекција на видео и читање поезија, вчеравечер (25 февруари) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, беше промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако.

Песните од книгата, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации, се нежни и едноставни.

– Цако ги ниже песните како бисери, за секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува, како лирски слики. Од нив извира чиста емоција од некој што животот го живее со полни гради и чиешто мото е: човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе. Токму таа, љубовта, е централна тема во поезијата на Цако. Кон дедо му, семејството, неговиот идол Тоше, жените, природата, животот воопшто. Тие се парчиња од мозаикот што ја сочинуваат синтагмата „Јас сум Цако“. Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост – истакнаа од „Арс Ламина“ на промоцијата.

cako (3)

Александар Матовски-Цако почнал да пишува поезија на осумнаесетгодишна возраст, а оваа поетска трилогија е создадена во периодот од 2009 до 2019 година.

Тој вели дека желбата за поезија кај него постоела одамна, но никогаш не била објавена на ваков начин. Ја имало во некои негови интервјуа и слично. Таа се родила паралелно со неговата радиоемисија „Јас сум Цако“ на Радио МОФ, во која ги чита и своите песни.

– Така се вљубив во поезијата. Оваа книга е изработена со љубов. Тоа е и мојата инспирација да пишувам нови и нови песни. Стиховите ги посветувам на сите оние што сакаат љубов… Не е важно каква емоција имаш. Само да е емоција. Така излегуваат моите најубави песни. Како и во емисијата, така и во книгата „Јас сум Цако“ во песните се кријат емоциите и надежта за подобро утре. Моите песни носат пораката за сите љубители на пишаниот збор. Пријатели мои, бидете живи, здрави, креативни и читајте книги – рече Цако.

cako (11)

Промоцијата беше збогатена со проекција на шестминутното видео „Чија е оваа песна“, снимено по сценарио на Александар Матовски-Цако, а посветено на неговата мајка, Снежана Матовска. Таа се обрати пред преполното кино „Фросина“, истакнувајќи ја важноста на семејството во растењето и интеграцијата на лицата со попреченост. Таа им се заблагодари на присутните за поддршката што му ја даваат на Цако.

Следуваше музички настап на гитаристот Неврус Бајрам, придружуван од поетесата Ана Голејшка Џикова, која пееше и читаше поезија од стихозбирката „Јас сум Цако“. Промоцијата заврши со танцова точка на студиото „Денсерс јунајтед“, каде што членува и Цако. Тие изведоа кореографија на песната „I`m only human“, повикувајќи на прифаќање на различностите.

cako (7)

Александар Матовски-Цако (1991), иако е роден со Даунов синдром, вклучен е во редовниот воспитно-образовен систем. Минатата година дипломираше на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на групата предучилишно образование. Тој е член и на здруженијата Инклузивни решенија КРИК и „Трисомија 21“. Автор е на радиоемисијата „Јас сум Цако“, која веќе пет години еднаш месечно се емитува на интернет-радиото Радио МОФ. Повеќе од десет години тренирал карате во карате-клубот во Ѓорче Петров и е носител на кафеав појас. Во моментов е дел од танцовиот клуб „Денсерс јунајтед“, формација Даун синдром, со кој има освоено повеќе државни, европски и светски титули и златни медали во пара-категорија.

cako (9)

Тој е голем активист и борец за човекови права и правата на лицата со посебни потреби. Цако се има претставено со сопствена презентација на Светската конференција за лица со Даунов синдром во Обединетите нации.

Книгата „Јас сум Цако“ веќе е достапна е во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.

cako (2)

cako (10)

cako (12)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

  • Воли_Лефти и Рајти книги-магазини

    Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од Наташа Дукоска

  • kostimot vo makedonija книги-магазини

    Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics