Во четврток, 27 јуни со почеток во 18 часот, во изложбениот салон Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на новата капсулна колекција на брендот за накит „Капка” зад кој стои дизајнерката Јана Ацевска.
-Капсулната колекција насловена како „РЕфлексии” има повеќекратни значења: врска меѓу минатото и сегашноста, иновацијата и традицијата, како и традицијата на изработка. Со поврзување на традиционалното со современото се генерираат нови приказни, уникатни и специфични – вели Јана Ацевска.
Организаторите на настанот ги покануваат посетителите да ја погледнат одблиску колекцијата и да ги поддржат локланите дизајнери и занаетчии и нивната работа. Една од главните причини за постоењето на „Лаб дизајн маркет“ е поддшрката на дизајнерите кои ги ревитализираат и сочувуваат македонските традиционални занаети, давајќи им нова современа форма. Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет.
„Лаб дизајн маркет” е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски” број 68, во центарот „Лабораториум”, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија”.
Нема коментари