• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Нови колекции во Fashion&Friends: сезона на бои и разиграност

Од stylist @StylistMKD · На март 17, 2017

Fashion&Friends -promocija (13)

Со мини ревија и коктел во присуство на модните новинари, блогери и фотографи во продажниот салон во „Сити мол“денеска беа претставени новите колекции на брендовите кои се дел од Fashion&Friends. Излогот и полиците на мултибренд продавницата  се шарени, разиграни, динамични и енергични-како креациите на  брендовите Desigual,Guess,Guess by Marciano, Replay, Levi’s, Diesel и Superdry. Иако различни и доследни на сопствениот имиџ, имаат заедничка нишка, а оваа сезона тоа е напливот на бои и инспирација која доаѓа од далечни места кои асоцираат на денови исполнети со многу сонце и ноќи со луди забави. Откако ги разгледаа колекциите,  модните уредници и блогерките имаа можност да ги одбележат со етикети своите три фаворити од новите колекции.

Fashion&Friends -promocija (4)

Јасмина Апостолоска -маркетинг менаџерката на Fashion Group Macedonia ги најави пролетните колекции во мултибренд продавницата

Колекцијата на Guess го слави спојувањето на урбаниот гламур со слободниот, боемски дух. Иновативните, технички материјали се фузираат со природните во повеќе различни бои и дезени, а тексасот и овојпат е носечки материјал. Младата жена, чие секојдневие е исполнето со безброј обрвски и интереси е инспирација за изглед во кој се комбинираат цветните и животинските принтови заедно со графички мотиви и доминантни риги. Куба и нејзината раскошна природа  е уште една од инспирациите во колекцијата  – волумен и кроеви, цветни мотиви, монохроматски застапени силни бои и забележливи принтови. Уште едно од влијанијата во колекцијата доаѓа од светски познатиот фестивал Коучела кој се одржува во сончевата Калифорнија. Долги фустани, лелеави здолништа и глам рок комбинации за безгрижно, неконвенционално секојдневие.

Fashion&Friends -promocija (9)

Тексасот се среќава со технологијата во специјалната #smartgueessline каде три бои ги претставуваат трите различни својства на материјалот: сина за материјал кој е водоотпорен и дише; црна за терморегулаторна технологија која ја заштитува кожата од УВ зрачење и бела за материјал кој не се флека. Кројот е “слим”, а удобноста е загарантирана поради употребата на иновативен стреч материјал.

Fashion&Friends -promocija (6)

Жената космополит и вечен авантурист лесно ги менува различните стилови сплотувајќи го својот шарм со чувството на слобода. Таа е епитом на динамичните европски градови како Лондон и Париз; земајќи ја париската софистицираност и само мала доза на лондонска иронија колекцијата за пролет/лето 2017 на Guess By Marciano е рафинирана и необична. Дел од колекцијата црпи инспирација од морнарскиот стил кој е безвремен и неодоливо шик – бела и сина боја дополнети со интензивни тонови и префинети материјали за свеж и современ изглед.

Fashion&Friends -promocija (12)

Брендот Replay годинава слави 35 години посветени на историјата на тексасот и негова реинтерпретација во нови, возбудливи модели. Оваа сезона инспирацијата доаѓа од Лос Анџелес со неговата динамичност и разноликост. Град на ангелите каде соништата стануваат реалност и каде секој новитет доаѓа во нова форма. Колекцијата наречена “Sunset Icons” ги спојува сите лица на овој град, од моторџиското влијание, маскирните детали, етно принтовите и егзотичните, топли тонови кои асоцираат на фестивали во пустината.
Кројот е лежерен со меки и удобни форми, разресени детали и пренесува релаксирано чувство, додека пак материјалите и необичните текстури ја отсликуваат разноликоста на градот. Бомбер јакните, бермудите, фустаните, фармерките и останатите парчиња доаѓаат во повеќе верзии и во машката и во женската колекција. Материјалите кои се користат се разновидни и контрастно искомбинирани –лен, памук, жоржет, винтиџ кожа… Палетата на бои исто така игра со контрастите: oд една страна сина и сите нејзини нијанси, а од друга зелена, корално црвена, розова, беж, златна, сребрена и црна.

Fashion&Friends -promocija (12)

Оваа сезона колекцијата на Diesel нè води на патување во Мајами, кадешто има доволно сонце и забава за сите. “Мајами е место на кое отсекогаш сум му се воодушевувал заради уметноста, арт деко архитектурата и плажите кои наметнуваат посебен животен стил”, велиНиколаФормикети – уметничкиотдиректор на брендот.“ Ме инспирираат разиграните бои кои асоцираат на 80-тите и посакувам целиот свет да биде како Мајами во лето.” Колекцијата за пролет/лето асоцира на коктел од пастелни тонови и забави покрај базен.

Fashion&Friends -promocija (11)

Линијата Flamingo Road ги задржува класичните Diesel силуети и влијанието на модата од 50-тите со војнички и спортски детали. Фламингото се појавува на женските блузи заедно со останатите украсни симболи како срциња иполка точки кои им даваат женственост на блузите и миди здолништата. Кај мажите, забележителни се тексас и бомбер јакните, дополнети со ленти во впечатливи бои.
Линијата Miami Heat посветува особено внимание на стилот од 80-тите, а дизајнерот Јоко Хонда изработил специјални летни принтови кои се аплицирани на маици, бомбер јакни и костими за капење. Женските силуети се релаксирани – панталони со широки ногавици, лелеави фустани и шорцеви со висок струк. Кај мажите забележително се широки маици, тексас шорцеви со аплицирана текстура и плетени блузи во риги за ретро изглед.
Superdryе англиски моден бренд кој постои постои од 1985 година. Стилот кој го промовира Superdryе американски винтиџ со апликации на јапонски зборови. Играта со зборови е инспирирана од јапонската тенденција да се употребуваат “украсни ” англиски фрази на облеката како знак за модерност и современост. Иако не практикува интензивно рекламирање ниту пак соработка со одредени познати лица, Superdryстанува сè поактуелен низ европските земји особено кај помладата популација.

Fashion&Friends -promocija (1)

Како и претходните сезони, така и оваа, Fashion&Friendsе дел од Модниот викенд Скопје, поточно се јавува како ко-продуцент на насловната и носечка фотографија, стилизирана и фотографирана од страна на блогерката Јована Зука. На насловната фотографија се најдоа неколку безвремени џинс парчиња од брендовите во продавницата.

Fashion&Friends -promocija (2)

 

 

 

DesigualDieselFashion&FriendsGuessGuess by MarcianoLevi'sReplaySuperdry
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet моден монитор

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

  • 0 моден монитор

    ПРОЛЕТНА МОДА 2021: Сакоа во стилот на иконскиот шанелов модел од букле

  • jovana neshova (1) моден монитор

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • nike shzk (8)

    VIVA LA REEZICK: Новите патики Air Max Viva и производите на „Шизик на ризик“ го одбележаа денот на Air Max

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

    април 13, 2021
  • 1

    Scotch & Soda носи смел став кон секојдневното облекување

    април 13, 2021
  • 0

    ПРОЛЕТНА МОДА 2021: Сакоа во стилот на иконскиот шанелов модел од букле

    април 13, 2021
  • 1 michael kors

    Бродвеј како модна писта за ревијата на Мајкл Корс

    април 12, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021
  • 1 louis-vuitton

    Louis Vuitton ја откри новата хипнотичка фасада на својот бутик во Токио

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics