Вечерва во 19 часот, во МОБ, во рамките на настанот Fashion&Lifestyle Expo’19 ќе биде промовирана првата интерактивна едукативна боенка за млади и возрасни за Македонија „Обоени спомени“ (Colored Memories).
Боенката содржи 59 илустрации поддржани со текст на македонски и англиски јазик кои го опишуваат културното и историското наследство на Македонија. Воедно, истата претставува и туристички водич низ регионите преку која ќе научите за природните богатства и убавините на земјата, за јазикот, обичаите и традицијата. Она што ја прави оваа боенка уникатна е интерактивната содржина на повеќе страници: раскажувачот на спомени, разгледницата, персонализираниот цртеж со простор за вашата фотографија и играта меѓу илустрациите.
Да не заборавиме, оваа боенка претставува спој од спомени. Спомени на сите нас кои секојдневно ги уживаме овие убавини, но и на оние кои ја посетиле или сакаат да ја посетат Македонија.
Автори се Магдалена Таневска, Надица Златкова Митевска и Крсто Златков, a Надица е автор и на илустрациите. Текстот е на Магдалена Таневска, Крсто Златков и Маја Илиоска.
Нема коментари