Францускиот бренд за луксузни производи S.T. Dupont го прослави 145-от роденден и ги промовираше новите луксузни колекции на настанот кој се одржа во Резиденцијата на францускиот амбасадор во Скопје.
На забавата се обратија г-ѓа Олга Пастернак, извршниот директор на S.T. Dupont за Источна Европа, како и неговата екселенција, г-динот Кристијан Тимоние – францускиот амбасадор во Р.Македонија.
S.T. Dupont е реномиран француски бренд и производител на запалки, колекционерски пенкала, чанти, прибори и додатоци за уживатели на пури и други луксузни производи. Компанијата произведува префинети и уникатни предмети од своето основање во 1872-та година. Основач на компанијата е Симон Тисот–Дупонт, по чие име и иницијали е добиено името на компанијата. Првите сериски произведени запалки се создадени во 1941 година, кои биле направени од алуминиум. Од 1958 до 1963 година, сите запалки се доработени со 18 каратно злато.
На прославата беше претставена првата луксузна запалка во производство на S.T. Dupont, историски примероци на куфери за патување, најсофистицирани колекции на скулптури со вградени запалки и пенкала, како и лимитирана серија на луксузни производи.
S.T. Dupont 145 години рачно изработува исклучителни подароци за исклучителни луѓе. Неизмерно се горди секој пат кога една од нивните креации ќе стане дел од нечија семејна приказна.
Дел од производите на S.T. Dupont ексклузивно може да ги најдете во SIGMA Jewelry, продавниците за златен накит и накит со дијаманти, кои се наоѓаат во ГТЦ Скопје и Skopje City Mall.
Нема коментари