Екстравагантните холандски дизајнери Виктор Хорстинг и Ролф Снорен вчера отворија сопствена продавница на улицата Сен Оноре, во престижниот Прв арондисман во Париз, во која ќе бидат изложени женските и машките колекции, парфеми, модни додатоци и лимитирани едиции на разни други дизајнерски производи. Во парискиот бутик на креативното дуо место веројатно ќе се најде и новата колекција на висока мода, која што Виктор и Ролф ја најавија по 13-годишна пауза од котур-универзумот.
Ентериерот на бутикот е доволно екстравагнатен како и нивниот дизајнерски сензибилитет – ѕидови прекриени со сив фелц и простор во кој се мешаат стилови од италијанската ренесанса и класичната француска архитектура. „Париз отсекогаш го сметавме за наш моден дом и затоа сме многу горди што овде отворивме голем официјален бутик, вистински наше место. Со авангардниот дизајн инспириран од нео-класичната архитектура, претставивме нов дизајнерски код, рефернца за нашата понатамошна експанзија“, изјавија дизајнерите за својата нова авангардна оаза.
Нема коментари