Пејачката Ријана после успехот на својот козметички бренд Fenty Beauty лансира и свој моден бренд во соработка со престижниот конгломерат LVMH, првата колекција ќе биде достапна на 24 мај. Но, Ријана веќе откри мал дел од колекцијата и ни овозможи прв поглед на она што го дизајнира. Од она што го постира на Инстаграм и го видовме како најава за интервјуто во магазинот Т на New York Times, Ријана подготви неколку коплети со сакоа, минималистички комбинации со бела кошула, машки и женски креации од џинс, како и модел на предимензионирани очила за сонце. Како што е најавено, брендот на Ријана наречен Fenty поред нејзиното презиме, нема да функционира како традиционалните модни куќи кои лансираат колекции два пати годишно, туку секој месец ќе претставува нова мини колекција.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари