Во пресрет на големата изложба на модната куќа „Шанел“ во Лондон објавен е трејлер за Mademoiselle Privé режиран од страна на долгогодишниот креативен директор на брендот, а целиот филм ќе биде пуштен на токму на изложбата закажана за 13 октомври во лондонската галерија „Сачи“. Изложбата се однесува на прикажување на првата и единствената колекција накит дизајнирана од Габриел Коко Шанел, наречена Bijoux de Diamants, но ќе значи и прошетка низ богата историја на висока мода на брендот и на приказната за иконскиот парфем Chanel No. 5. Колекцијата Bijoux de Diamants беше неодамна реиздадена и преиерно прикажана во јули на ревијата за кутур-колекцијата на „Шанел“ на тема „Казино“. Во таа пригода на пистата прошетаа повеќе познати личности како Кристен Стјуарт, Кира Најтли, Џулиен Мур и Ванеса Паради украсени со парчињата накит од колекцијата, па на изложбата ќе бидат поставени и нивните портрети фотографирани во парискиот апартман на Коко Шанел од страна на Лагерфелд. Погледнете го трејлерот Mademoiselle Privé за филмот, во кој споменатите модни музи објаснуваа зошто ја сакаат Коко и брендот „Шанел“.
Нема коментари