Шведскиот моден гигант H&M одлучи следната дизајнерска соработка да биде со италијанската модна куќа „Москино“ и со нејзиниот креативен директор Џереми Скот, еве го и првиот поглед на колекцијата и на кампањата во која се појавува Џиџи Хадид. На една фотографија ја гледаме Џиџи во црн кожен мини фустан, високи чизми и златен накит, а на втората се појавуваат повеќе манекенки меѓу кои Стела Mаксвел и Иман Хамам. Тие позираат во креации кои го откриваат стилот на колекцијата – принтови, многу златни и сребрени ткаенини и впечатлив златен накит. Колекцијата ќе почне да се продава на 8 ноември.
Нема коментари