Анџелина Џоли е заштитно лице на новиот парфем на француската куќа Guerlain, и ќе го промовира новиот парфем Mon Guerlain. Козметичката куќа постапно открива детали околу оваа соработка, најново го објави визуелниот изглед на кампањата, црно-бел портрет на актерката направен од страна на фотографот Том Монро, откако претходно прикажа мистична тизер-фотографија која го прикажува грбот на Џоли со многуте нејзини тетоважи. Познато е и дека Анџелина ќе го донира целиот приход од кампањата во добротворни цели.
Нема коментари