Модната компанија Miu Miu деновиве ја објави првата фотографија од кампањата за својата ресорт 2015 колекција. Во проектот се ангажнирани фотографит Џејми Хокесворт и моделот Натали Вестлинг. Таа позира во студио, облечена во колоритни креации од ресорт 2015 на Miu Miu. Фотографијата е во колаж со слика од природа, која ги има истите тонови како и дизајнот на креацијата, светлосина, кафено-портокалова, црна и бела. Според пишувањето на WWD фотографиите од рекламната кампања ќе бидат објавени во интернационалните магазини на 15 ноември.
Нема коментари