Ердем Моралиоглу е следниот дизајнер со кој шведскиот бренд H&M оствари соработка на нова ексклузивна колекција која ќе почне да се продава во почетокот на ноември. Роден во Канада, овој дизајнер со турско потекло твори на лондонска адреса, подолго време е присутен на светската модната сцена и е препознатлив по употребата на цветен дезен во своите креација. Цветниот дезен ќе биде присутен и во колекцијата Erdem x H & M и тој ќе биде аплициран на вечерните фустани, сакоата, кошулите, марамите, дури e и отпечатен на чизмите. Колекцијата изгледа раскошно и дамски, со костими од твид, романтични кошули и плисирани здолништа, и изгледа како да чини многу, иако ќе се продава по многу пониски цени во однос на дизајнерската облека. Ердем за првпат креира машка облека, таа ќе биде дел од колекцијата за H&M. Засега се објавени неколку визуели од каталогот, промотивното видео кое го режира Баз Лурман, а минатата недела ексклузивен поглед на колекцијата имаше магазинот Vogue.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари