Лејди Гага деновиве беше забележана како носи црна чанта која е првиот дизајн на креаторот Еди Слиман за париската модна куќа Céline. Откако е назначен за нов дизајнер и наследник на Фиби Фајло во куќата, модниот свет е во исчекување да ја видат првата колекција на Слиман за Céline на модна ревија следниот месец во Париз. Прв поглед на колекцијата за пролет-лето 2016 е токму оваа чанта што ја носи Лејди Гага – коцкеста, елегантна и со минималистичка тока. Пејачката веќе неколку дена ја носи оваа чанта додека со која е фотографирана во Париз и како пристигнува во Венеција да присуствува на филмскиот фестивал. Не е првпат Лејди Гага да носи дебитански дизајн на Слиман – во 2012 година таа прва облече креација на Слиман од неговата прва колекција за „Сен Лоран“, една недела пред таа да биде прикажана на модна ревија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари