Француската актерка Леа Сејду е новиот бренд амбасадор на „Луј Витон“, a ова е првата кампањата што ја сними за француската модна куќа. Сејду позира на луксузен ранч наречен Cuadra San Cristóbal во Мексико, дело на славниот архитект Луис Бараган, а кампањата е дел од серијалот на брендот Spirit of Travel. Фотографиите ги направи Патрик Демаршелие, стајлингот е на Мари-Амели Сове, а Леа во кампањата ги промовира моделите на чанти City Steamer и Capucine.
Нема коментари