Венчаница, фустани за мајките и старосватиците, цвеќе, декорации, накит, чевли… барањето и купувањето на овие и на сите други многу важни работи потребни за свадбата на една невеста бара совршена организација и многу време. Ама што ако сите потребни нешта се собрани на едно место?! Колку само тоа би ѝ олеснало на секоја идна невеста и би ја ослободило од стресот, нели? По таа идеја се водеа од луѓето од Wedding Gallery, првата стоковна куќа за свадби и невести што неодамна се отвори во Лондон.
Во Wedding Gallery може да се најдат продавници со венчаници, цвеќе, свадбени торти, накит, долна облека, украси, чевли… Со цел идните младенци да најдат сè што им треба за планирање на својата свадба, овде ќе најдете и идеи за покани, организатори за свадба кои ќе договорат сала, фотограф, бенд и комплетен кетеринг.
Невестата ќе може во удобните гардероби да пробува венчални фустани од разни дизајнери, како Оскар де ла Рента, Ели Саб и повеќе британски брендови специјализирани за свадбена облека, а може да одбере и козметички третман, фризура и шминка. Доколку ѝ е потребна дополнителна помош, на истото место може да ангажира стилист и личен консултант.
Иако ова е вистински рај за идните невести, во Wedding Gallery има и оддел за мажи со голем број на костуми и модни додатоци, ама идните младоженци веројатно повеќе ќе уживаат со чаша виски во барот отколку во шопингот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари