Првите фотографии снимени од познатиот Jean-Paul Goude за најочекуваната кампања оваа сезона, за колекцијата Kenzo x H&M се појавија на интернет. Снимките се динамични и колоритни, и ги спојуваат мозаичното артистично шаренило на Kenzo, од една страна, и современата урбана енергија на омилениот хај стрит бренд H&M од друга страна. На првите објавени фотографии се Иман Боуви, Chance The Rapper и раперката Субои.
Покрај нив заштитни лица на кампањата се и Клое Севињи, Розарио Доусон, Руичи Сакамото и активистот Xiuhtezcatl Martinez. Пред официјалниот старт на продажбата на очекуваната соработка меѓу модната куќа „Кензо“ и шведскиот хајстрит бренд H&M закажан за 3 ноември, беше најавенена видео кампањата во режија на Jean-Paul Goude. По повод откривањето на ѕвездите од кампањата креаторите на „Кензо“ Керол Лим и Умберто Леон во Париз организираа вечера на која се дружеа заштитните лица на кампањата.
Нема коментари