• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Враќање на Милчо Манчевски, мајсторот на филмот – првите огласи од светската критика за филмот „Врба“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 24, 2019

Willow 2

По светската премиера на „Врба“ во режија на Милчо Манчевски на 14. Филмски фестивал во Рим се огласи и светската критика.

Едногласни во ставот дека ова е величествен камбек на Милчо Манчевски, кого го споредуваат со Бергман и еден од најинтересните филмови на фестивалот и воопшто оваа година. Пасторална, митолошка и современа размисла за застрашувачката потреба да се биде мајка или татко со исклучителна режија и глума.

Ви пренесуваме мал дел од тоа што напиша критиката за Врба.

Италијанскиот Cinematographe меѓу другото вели:

„Величествена македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Наратив кој – благодарение на неговата необична природа и развивањето на темите – е набиен со значење и религиозен/мистичен подтекст што на „Врба“ ѝ дава вкус на одамна поминати времиња на половина пат меѓу Бергман и Тар, бајка што боли на половина пат меѓу минатото и сегашноста. Режија што станува интимна и прецизна. Митолошки наратив меѓу бајката и сировиот реализам, со Љубовта како единствено решение за древните проклетства. Приказна која длабока го почитува животот и оние кои што се дел од него, силни жени и кревки мажи. Едно од оние дела кои е невозможно да минат незабележано, еден од најинтересните филмови на Римскиот фестивал и воопшто на 2019“.

(https://www.cinematographe.it/recensioni/romaff14-willow-recensione-del-film-di-milcho-manchevski/)

Cinematographe

 

Asburymovies смета дека режисерскиот поглед на Манчевски е поуниверзален и посѐопфатен. „Филмот на Манчевски го истакнува различниот начин на соочување со болката на трите жени. Наликува како да трите женски ликови се фази, еволуции на единствен женски лик кој минува низ катарза. Согласно неговиот начин на раскажување во слики, Манчевски во „Врба“ не оди во контемплација  или естетско китење, напротив, ги потопува трите приказни во секојдневниот живот, буквално ги мие со кал, дожд и крв. Милчо Манчевски се враќа, неговиот поглед станал поуниверзален и посѐопфатен.“

(http://www.asburymovies.it/2019/10/19/willow/)

 

„Tри приказни мајсторски поврзани.“

(https://news.cinecitta.com/IT/it-it/news/55/80112/milcho-manchevski-e-il-salice-della-vita.aspx)

Cinecitta News

„Враќање на Милчо Манчевски, мајсторот на филмот.“

(https://www.sentieriselvaggi.it/willow-il-ritorno-di-milcho-manchevski/)

 

Европскиот филмски портал Cineeuropa го дефинира филмот како раскошен и комплексно комичен.

„Манчевски, мајсторски ги вткајува во едно нишките на трите приказни, со повторување на мотиви и мали ишарети, кои гледачот може да ги толкува како што милува. Визуелно ова е раскошен филм… комплексно комичен.“

(https://www.cineuropa.org/en/newsdetail/380037)

Cineuropa

 

„Визуелно фасцинантен… емоционално трогателен“ се зборовите на Cinefilos и понатаму вели: „Трогателен портрет што нурнува во коренот на копнежот да се биде мајка, истакнувајќи значајна вистина, како во тематски сличниот филм „Крадци“ на јапонскиот режисер Хиракозу Коре-еда, добитникот на Златна Палма во Кан 2018. Иако се занимава со актуелни теми како вештачко оплодување, абортус, посвојување и сѐ друго што е поврзано со кревкиот свет на мајчинството, филмот го дарува задоволството да не суди за ништо од ова. Напротив.“

(https://www.cinefilos.it/tutto-film/recensioni/willow-milcho-manchevski-415078)

 

Letterboxd смета дека суштината на филмот се содржи во насловот и во прашањето што се поставува во даден момент: како да се љуби.

„Дело кое не е директно и кое се сталожува по гледањето, речиси присилувајќи го гледачот да се наврати на некои делови за да го спознае длабокото значење.“

(https://letterboxd.com/mtonino/film/willow-2019/)

 

Letterboxd

„Магична визија на минатото чии фрагменти остануваат вплетени во сегашноста. Експертско фотографско око, но уште повеќе занос за неговата татковина. И во планинските широчини до кај што допира погледот и во такси во Скопје останува сомнежот за проколнатоста.“

(https://ilmanifesto.it/la-vita-fiorisce-sotto-la-chioma-di-un-salice/)

 

„Врба“ беше добро примен од италијанските критичари, кои го сметаат за една од најфасцинантните филмски продукции на Римскиот филмски фестивал.

(https://oranews.tv/article/nje-producent-shqiptar-ne-festivalin-nderkombetar-te-filmit-ne-rome#.Xa2wClu3SO9.facebook)

 

Каков величествен камбек! „Врба“ на Милчо Манчевски. Пасторална, митолошка и современа размисла за застрашувачката потреба да се биде мајка или татко. Очајничка, трагикомична бајка. Исклучителна режија и глума.

(Simona Nobile)

Cinefilos

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 филм

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics