Скопје Мериот Хотел организира единствен и уникатен настан за сите идни невести и парови кои што сакаат нивната свадбена свеченост да биде посебна и вистинско исполнување на нивниот сон. Првиот Marriott Bridal Night е резултат на соработката со Fashion Weekend Skopje и ќе биде есенското издание на Bridal Fashion Night. На настанот што ќе се одржи на 12 октомври со почеток во 20 часот во самиот хотел, ќе бидат презентирани специјално подготвените колекции на венчаници од модните дизајнери Мила Кадриу и Теута Матоши, SIGMA накит, свадбени детали и совети за конципирање на идеалната свадбена свеченост.
Заинтересираните парови и идни невести ќе може да се пријават за присуство на електронската адреса weddings.skopje@marriott.com или преку испраќање директна порака на Facebook страницата на Skopje Marriott Hotel.
Нема коментари