Зомбија, принцези, грофици, модни дизајнери, жени-мачки, арапи, кловнови и уште многу креативни страшни и смешни маски можеа да се погледнат на првоаприлскиот моден маскенбал со кој вчеравечер во ноќниот клуб „Станица 26“ беше отворено деветтото издание на Моден викенд-Скопје. Вечерва почнува ревијалниот дел за сезона пролет-лето 2014, со модниот перформанс на ателјето Hard to explain во Старата скопска чаршија. Еве што уловија фотоапаратите на FWSK.
Нема коментари