Трендот на athleisure некое време е актуелен во секојдневната мода, но се чини дека спортскиот стил навлегува и во светот на козметиката. Како инаку би ја објасниле соработката меѓу брендот на спортска облека Puma и популарниот козметички бренд Maybelline?! Да, наскоро ќе биде достапна Puma x Maybelline колекцијата на шминка инспирирана од растечкиот спортски тренд кој во фокусот го има вежбањето и изгледот за време на тренинг.
Колекцијата Puma x Maybelline содржи 12 парчиња - водоотпорна маскара, четири Matte + Metallic дуо сенки во стик, Color + Gloss Face Duo стик за лице, нова нијанса на култниот Master Chrome Metallic хајлајтер (со златни и розови тонови) и пет долготрајни мат кармини. Идејата на Maybelline e да понуди шминка за жените кои се постојано во движење и имаат активен живот, кои дури и малку би се нашминкале додека вежбаат. Затоа создадоа практична шминка со долготраен ефект, со повеќе намени и лесно се нанесува. „Нашиот млад потрошувач денес дава приоритет на активнот животен стил, без разлика дали тоа е кариера, фитнес, карактер. Таа е секогаш во движење и има потреба од производи со високи перформанси кои го следат нејзиниот ритам“, соопштија од Maybelline, a за спојот на индустријата на убавина и athleisure стилот од брендот Puma сметаат дека оваа колекција е вистинска репрезентација на точката во која што се спојуваат модната писта со теретатаната.
„Оваа колекција е совршена за жените кои се секогаш во движење. Сè е мултифункционално, а сите производи се спакувани во прекрасни компактни кутии. Се обидувам да не пакувам многу работи додека патувам, па оваа колекција навистина ќе ми помогне во тоа. Јас обично не ставан сенки на очите, плус и не можам да ги нанесам толку добро како шминкерите. Но, Duo Stick сенките се толку практични и лесни за нанесување, што станаа дел од мојата рутина. Исто така, оваа сенка не се насобира, па можам да ја носам преку целиот ден без да се грижам за изгледот,“ вели Адријана Лима која што е заштитно лице на кампањата за оваа колекција.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари