Трите млади дизајнерки Морана Радочај, Магдалена Таневска и Евгенија Зафировска организираат еднодневна работилница за рециклирање и изработка на модни додатоци која ќе се одржи на сабота, 6 мај во „Јавна соба“. На работилницата ќе ви покажат како од идеја да дојдете до готов производ, како да примените различни начини на рециклирање и како со креираните материјали да создадете нешто ново и уникатно. Учеството на работилницата е бесплатно, бројот на учесници е ограничен на 10, а пријавување и повеќе информации на evgenijazafirovska@gmail.com.
По завршувањето на работилницата следи изложба на изработените модни парчиња. Идејата е подржана од Јавна соба и Пакомак.
Нема коментари