Стефано Габана, едната половина од дизајнерскиот тандем Долче и Габана, во неколку наврати објави несмасни изјави и коментари на својот Инстаграм профил, последниот скандал е резултат на крајно невкусен расистички испад. Контроверзите не му се непознаница на Стефано, најновата се однесува на расистички навреди насочени кон Кинезите со кои ја шокира јавноста. Неговите изјави се дел од допишувањето со тајландската манекенка Микаела Транова, во пресрет на ревијата на Долче Габана во Шангај. Во приватните пораки Микаела го прозива Стефано поради најавното видео за ревијата, во кое една кинеска манекенка се обидува да јаде италијански специјалитети со стапчиња, а во кое има и други навредливи моменти и стереотипизација со која се исмејува кинеската култура. Ова го разлутило дизајнерот кој ѝ возвратил со гнасни пораки во кои ја навредува Кина и нацијата. Овие приватни пораки ги објави Diet Prada и пукна скандал.
Ревијата во Шангај е откажана, големите модни продавачи за азискиот пазар одбиваат да ги продаваат креациите на Долче и Габана, клучните онлајн продавници и азиски стоковни куќи ги отстранија производите на италијанскиот бренд, а и Net-a-porter најави дека ќе престане да ги продава Долче и Габана на своите продажни платформи. Ова значи дека брендот може да го изгуби вносниот азиски пазар и со тоа милиони долари. Скандалот потегна и бојкот на брендот. Повеќе познати личности и модни инфлуенсери од Кина веќе најавија дека никогаш нема да носат облека од Долче и Габана, а во бојкотот се вклучи и најпознатата блогерка Кјара Ферањи. Стефано со овие расистички испади покажува дека е не точна максимата дека секој ПР е добар ПР. Се чини дека Стефано и брендот Долче и Габана допрва ќе ги сносат последиците од овој скандал.
Листајте десно за да ја прочитате комуникацијата меѓу Стефано и Микаела
Diet Prada ги објави пораките и го стартуваше #dgthegreatshow од кој произлезе и кампањата #notme
Доменико и Долче се извинија со порака на Инстаграм, но штетата е веќе направена
Стефано Габана игра на тезата „Хакиран ми е профилот“
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари