• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Распоред на ревиите на 15-тиот Моден викенд – Скопје

Од stylist @StylistMKD · На март 31, 2017

programa fwsk2017 Со ревија на Јована Филиповиќ денеска во 18.30 часот во салонот „Порше Македонија“ ќе почне 15-тото јубилено издание на Моден викенд – Скопје, кое ќе трае до 2 април. Колекцијата за пролет-лето 2017 на Филиповиќ претставува омаж на соработката со компанијата „Пелистерка“, која започна пред точно пет години. Моделите се инспиририрани од водата, што пак неслучајно асоцира на „Пелистерка“ и нејзиниот најпознат продукт – водата во шише.

5 jovana filipovic

Ревијата на Јована Филиповиќ претставува омаж на соработката со компанијата „Пелистерка“

Во 21. часот публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен италијански накит на „Sigma Jewelry“ под слоганот „Пролет е време за убави нешта“. Пола час подоцна за прв пат на Моден викенд – Скопје ќе ја видиме Емира Имери со колекцијата “Heyoka” за пролет-лето 2017 година. Во 22 часот ќе се одржи последанат ревија за првата вечер на , дизајнерката Силвија Михајловска, која стои зад брендот „Алшар“. Колекцијата Out of Africa е инспирирана од ликот на Карен од култниот филм „Моја Африка“ со Мерил Стрип и Роберт Редфорд. Веднаш по ревиите на истата локација-„Порше Македонија“ од 22:30 часот посетителите ќе го дочекаат 1 април на забава.

alshar1

Силвија Михајловска, која стои зад брендот „Алшар“ ќе ја претстави колекцијата Out of Africa

Втората вечер (сабота)ќе започне во 18.30 со групната ревија на 15 студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет Р. Македонија, наречена „Шик-шок-ефект“. Во 19.30 следува ревијата на „Linea collection“ со колекцијата составена од линиите: Botanique, Fragmented Feeling, Playful Transparents, Pure and Fresh и Urban Nomads. За прв пат на Моден викенд-Скопје ќе се претстави „Atelier Kocareva“ со колекцијата „ History is written by the winners“ ,со почеток во 20.30 часот. Еден час подоцна ќе се одржи ревијата на Марија Трајанова, која стои зад брендот „Marsin“ со колекцијата „Bond lady“. За крај на втората вечер во 22 часот ќе ја видиме најновата колекција на Ирина Тошева, која како што вели дизајнерката „има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата“.

irina tosheva

Ирина Тошева со новата колекција има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата

Последната вечер на 2 април (недела) во 19 часот публиката ќе ги види „Walon fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“, во 20 ч. е ревијата на „Paolo Bocelli“ и нивната колекција за актуелната сезона која е фузија помеѓу урбан гламур и класичен и кежуал дизајн. Во 20.30 следува Сара Реџиќ со колекцијата Spring Fairy , а по неа во 21 часот е „Elize“. За крај на петнаесеттиот Моден викенд Скопје во 21.30 ќе ги видиме тројцата избрани финалисти од неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“, „Shaleva Couture“ и „Ана Марија“. Тие најпрвин ќе заминат на белградската модна недела на 28 март, каде што ќе се одбира најталентираниот балкански дизајнер кој потоа ќе има ревија на модната недела во Лондон во септември годинава. Студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, ќе ги презентираат своите дизајни во три фази, од кои првата е изложба на Моден викенд Скопје.

marija-trajanova-2

Марија Трајанова, која стои зад брендот „Marsin“ ќе се претстави со колекцијата „Bond lady“.

Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода „Пелистерка“. Официјален партнер за фризурите на моделите „Lakme“. Официјален дерма бјути партнер е „Vichy”. Официјално возило на настанот е „Porsche“. Со „Miele“- до Вашиот дом од соништата. “iStyle”- премиум поддржувачи на Моден викенд Скопје. „Fashion&Friends“ се ко-продуценти на официјалната насловна. Насловната на која се заштитните лица моделите Симона Ангеловска, Ања Шарановиќ и Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“, направена на терените на коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани, ја потпишува Јована Зука. Графичкиот дизајн е на Дејан Зафировски. За фризурите се погрижи „LAKME“ во соработка со Кристина Кики Серафимова, а за шминката Јована Коциќ. Стајлингот за насловната го осмисли Зука а манекенките се облечени во најновите модели џинс од „Fashion&Friends“ , надополнети со аксесоари од „Parfois“ и „Mango“. „Теа Модерна“ како еден од медиумските покровители на настанот, и оваа сезона ќе одбере најдобар дизајнер на петнаесеттиот Моден викенд Скопје според нивната редакција, и ќе му обезбеди насловна страница и интервју во едно од своите изданија.

Јована ФилиповиќАлшарИрина ТошеваМарија ТрајановаМоден викенд-СкопјеСара РеџиќСилвија Михајловска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Insta моден монитор

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

  • адвоа и кесева абоа моден монитор

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

  • 1 моден монитор

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021
  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics