Пролетните колекции на брендовите „Спрингфилд’“, LBT, „Манго“ и Celio беа презентирани вчеравечер во просториите на „Скопје сити мол“. На музичко-модното случување Ready To Wear Fashion & Music Marathon, кое се одржува по затворањето на ревијалниот дел на деветтото издание на Моден викенд – Скопје, до утре ќе може да се погледнат новите линии наповеќе етикети, достапни во шопинг центарот „Скопје сити мол“. Низ модниот перформанс публиката ја водеше радио „Antenna 5“. Вечерва од 18 часот ќе ги видиме колекциите на „Окаиди“, Fashion & Friends, „Арабеска“ и Bitsiani. Во четврток ќе се претстават Aftershock London и P.S. Fashion. Ready To Wear Fashion & Music Marathon претставува едно поинакво модно случување кое има за цел да прерасне во традиција на славење на уличната мода.
(Фото: Ани и Дими)
Нема коментари