Високите летни температури и топлотниот бран најавен за викендов ќе предизвика зголемено чувство на жед и потреба да се освежите. Тоа најдобро ќе го направите со вода или уште подобро со витамнинска вода што самите ќе ја подготвите.
Како да ја подготвите? Така што во водата ќе додадете овошје и зеленчук. Еве еден предлог – во три литри вода додадете една краставица исечена на парчиња, 1 лимон исечен на парчиња, 1 чаша јагоди, една чаша боровинки, 2 портокала исечени на парчиња и неколку ливчиња босилек. Напитокот оставете во фрижидер најмалку два часа, а потоа уживајте во овој освежителен пијалак.
Цитрусното овошје ги елиминира токсините од телото, боровинката служи како извор на антиоксиданси, босилекот го стабилизира шеќерот во крвта, а краставицата обезбедува освежувачки минерали.
Се разбира, витаминската вода можете да ја подготвите и со други состојки. На пример, лимета наместо лимон, свежо нане наместо босилек, или капини и малини како бобичесто овошје.
Нема коментари