• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

RED LOVE: Ресорт колекција на Алмир Мили и BASILEIA во модерна верзија на фолклорни елементи

Од stylist @StylistMKD · На декември 28, 2017

0

Во еуфоријата на празниците Алмир Мили и BASILEIA ни ја преставуваат нивната мини RESORT колекција, односно преодна сезонска колекција, која е лимитирана и е предвесник на сезоната која следи.

Плодната година за дизајнерот Алмир Мили кој имаше неколку едиторијали за светски списанија како и ангажмани на миланската модна сцена резултираше со уште една соработка со новиот успешен онлајн бренд BASILEIA зад коj стои Василија Чали која веќе извесен период е фокусирана на лансирање и продажба на дизајнирана и уникатна облека на странскиот пазар, со своја онлајн продавница на ETSY (https://www.etsy.com/shop/BasileiaByVasilija).

1a

Оваа колекција е инспирирана од фолклорните кроеви и елементи на тетовската староградска облека преточени во нова и модерна силуета која ги следи новите трендови.

Македонскиот фоклор, особено во модниот свет е повеќе пати употребуван како инспирација за реализација на модна колекција, но секогаш остава повторно простор за негово истражување и реализирање.

2A

Во текот на изработката се разгледувани повеќе аспекти поврзани со начинот на облекување во Македонија во изминатите векови, што доведува до заклучок дека народот имал посебна поврзаност со својата носија и дека постојано ја збогатувал со украси, тантели, везови и други детали.

Во колекцијата преовладуваат модели со основна бела боја, кои влечат инспирација од белата ленена кошула, нераскинливиот дел од македонската народна носија. Црвената боја исто така става впечатлив акцент врз колекцијата проткаено со елементи на тантела со цветни везови.

Дизајните се идеални за дневни комбинации, но се издвојуваат и ексентрично храбри парчиња кои би биле совршени за најеуфоричните периоди од годината.

3A

Таргетот за кој е наменета оваа колекција е се клучни клиенти со истенчен вкус за мода и девојки кои сакаат уникатни дизајнерски парчиња, истата ќе биде ставена во продажба на онлајн страната на BASILEIA.

Нашето минато секојдневно облекување со сигурност денес може да се нарече уметност со високи вредности.

Проектот е поддржан од Министерство за култура на РМ.

4A

5A

6A

7A

8A

9A

10A

BasileiaRed LoveАлмир МилиАнгелина Китановскамакедонска модамакедонски дизајнериресорт 2018Стефани Павловскафотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • my time (1) едиторијал

    Модниот едиторијал на MY:TIME креативна синергија меѓу фотографката Александра и моделот Борјана

  • mirjana josifoska (6) едиторијал

    [ФОТОГАЛЕРИЈА] Уметнички едиторијал за колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

  • 2 zanov angiem едиторијал

    Соработката меѓу Zanov и Angie.M вроди ексклузивна колекција на костими за капење и облека за на плажа

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Седум идеи со широко карирано сако за овој март

    март 1, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • GOLDEN GLOBES

    Црвениот килим на „Златен глобус“ годинава во виртуелен формат

    март 1, 2021
  • united fashion showroom

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

    февруари 26, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics