Кога Fendi ќе морфира во Fila, Stella McCartney во Stella Artois, настанува кратка забуна бидејќи читаме туѓо име на веќе препознатливо лого. Ама ова е само игра на графичкиот дизајнер од Лондон, познат само како Рајли, кој во таа игра ги замени модните иконски логоа, со оние на други брендови. Неговата работа го привлече вниманието на Крис Ван Аш од Dior, кој го репостира на Инстаграм логото на Диор кое во верзијата на Рајли го има изгледот на Nike, а идејата ја одобри и Силвија Вентури Фенди. Еве како игледа кога ќе се спојат Lanvin и Lidl, Miu Miu и Ikea, Margiela и McDonalds, Colette и Coke, Tom Ford и You Tube, а повеќе логоа може да видите на Инстаграм профилот на Рајли.
Нема коментари