Модниот дизајнер Том Форд редовно пласира сексапилни и понекогаш контраверзни фотографии во своите реклами, а еве ја и кампањата за парфемот Neroli Portofino во која манекените Џозефин Скајвер и Џејми Џуит позираат голи и во провокативна поза. Рискантниот маркетинг план на американскиот дизајнер често ја праќа пораката дека сексот продава или барем успева да го сврти вашето внимание, па многу е веројатно дека новиот визуел за парфемот на Форд ќе предизвика да го пробате овој производ на своја кожа.
Нема коментари