Британското издание на Vogue за прв пат направи соработка со некој моден бренд – полската компанија Reserved под кураторство на модните уреднички Дејна Џанини и Холи Робертс ја претстави Reserved & Vogue новогодишната колекција. Дејна и Холи ја нагледуваа колекцијата на Reserved и даваа свои сугестии што треба таа да содржи за да ги задоволи повеќето вкусови за облека за претстојните новогодишни забави.
Во делот Curated by British Vogue брендот предлага облека и модни додатоци со кои се навраќа на гламурот од 80-тите и на ерата на журките во Студио 54. Доминираат металик и светкави материјали, кадифе и црна боја, а колекцијата содржи комбинезони, мини фустани, разни свечени црни блузи, сребрени креации, длечливо розови џемпери, како и модни додатоци кои соодветно ја следат облеката.
Со ова партнерство меѓу списание и „хајстрит“ моден бренд, Vogue сака што повеќе да им се доближи на читателите, а Reserved сака да го зголеми бројот на купувачи и да се пробие во Велика Британија, каде што пак царуваат голем број на брендови на достапна мода. Овој полски моден бренд веќе е присутен во регионот, би сакале да го има и на домашниот пазар. Добро би ни дошла мода предложена директно од Vogue, нели?
Нема коментари