Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена подолго време практикуваат здрав живот и здрава храна, а страста за подготвување здрави оброци ја пренесоа во креирање на ресторан за здрава храна во Монте Карло, во кнежевството Монако каде што живеат. Ресторанот се вика Eqvita („Еквита“), што значи баланс во животот, и иако пред неколку седмици го преставија на блиските пријателите, официјалното отворање се случи вчера. Новак и семејството веќе имаат ресторани во Белград и во Нови Сад, овој е прв специјализиран за здрава храна.
Во („Еквита“ ќе се служи претежно веганска и сирова храна од природни состојки и билки, а гостите ќе може да уживаат во свежи напитоци со име како „Тајната на Новак“, „Сјајот на Јелена“ и „Детскиот шејк на Стефан“, наречен по нивниот син. Ќе има и органски вина, а ресторанот е добредојден и за кучиња. Јелена често на Инстаграм постира оброци од органски намирници и рецепти за сирова храна, а животната девиза „Свежо, здраво и полно со љубов“ истовремено е кулинарската философија на „Еквита“. (К.Т.)
Нема коментари