Во кралската палата Eл Бади во Маракеш, Мароко, која што датира од 16 век, париската модна куќа „Диор“ вчера ја претстави ресорт-колекцијата за 2020, која дизајнерката Марија Грација Кјури ја посвети на диверзитетот на африканските традиции и култура. Основачот на куќата Кристијан Диор често се инспирирал од Африка, а во 50-тите бутикот Joste во Казабланка, имал ексклузивна дозвола да шие фустани користејќи ги шаблоните на Диор. Мароко се провејува во историјата на „Диор“, љубов кон Мароко изразувал и Ив Сен Лоран, кој едно време креирал за „Диор“, а мароканските орнаменти во новата колекција ги вметнува и сегашната креаторка Кјури. Но покрај референците од минатото, дизајнерката се потпира и на сопствената естетика, а во новата колекција среќаваме и сафари елементи, африкански ткаенини, мотиви и кроеви преземени од архивата на куќата.
Нема коментари