• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација

Од stylist @StylistMKD · На октомври 21, 2020

image TTA MFA show2

Креативната работа на пет средни текстилни училишта и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде презентирана преку модна ревија која ќе се случи на 24 октомври 2020 (сабота) во 13 часот во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно трговското здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт моден кластер.

Македонскиот Текстилен кластер во соработка со МВСК и КМК беше организатор на менторски активности како дел од новиот проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија „Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 – ноември 2020“.

Од декември 2019 година, на капсулните колекции изработени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, работеа учениците од средните училишта во Северна Македонија: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар“ (Македонска Каменица),„Ванчо Прке“ (Виница) и „Методи Митевски-Брицо“ (Делчево) како и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

Мотив на проектот е текстилната индустрија да се прикаже како атрактивна кариерна гранка за младите луѓе и придонесувач во економскиот развој на земјата. Клучна цел е да се обезбеди стручно образование што го покрива целиот спектар на активности во модата и текстилот и да развие студенти со глобална визија, чувство на општествена одговорност, критичко и креативно размислување. На тој начин новата генерација на модни дизајнери и инженери ќе го водат и зајакнат развојот на модната и текстилната индустрија во земјата.

-Во овие неколку продуктивни месеци запознавме прекрасни професори, кои секојдневно се борат со огромни предизвици да ги мотивираат своите ученици. Посетивме и основни училишта во Виница, Штип и Берово зборувајќи за оптимизација во производството и одржливите практики. Организиравме и посети на текстилни компании, каде со учениците внимателно го набљудувавме процесот на производство во конфекциите Линеа, Фаммоде, Ларс, МК Елена, Полотекс, БТБ и Текстил М – изјави менторката Тошева.

-Со учениците и студентите разговаравме на темата одржлива мода и циркуларна економија, презентирајќи им ги најразличните техники на доработка, како инспирација за дизајнирање со текстилен отпад. Пандемијата и карантинот беа добра лекција, која овозможи повеќе размислување околу одржливиот концепт на дизајнот. Дизајнот со нула отпад всушност не е нова технологија, туку е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер. Затоа со нашите млади креативци под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, имавме можност да креираме иновативни одржливи колекции – изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

*За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics