Под ѕидините на Стариот град, покрај Јадранско море, во организација на Montenegro Events, викендов се одржа второто издание на Ulcinj International Fashion Nights 2018. Меѓу 11 дизајнери претставник од Македонија беше дизајнерката Ирина Тошева.
-Реакциите на публиката беа одлични, ме радува што и сите потпевнуваа и се забавуваа додека траеше ревијата. Звуците на морето при секоја пауза меѓу ревиите беше дополнителна магија – изјави таа.
Со 13 модели, преплет од неколку колекции, умешно комбинирајќи ги и поврзувајќи ги со рачна доработка Тошева создаде нова весела приказна. Меѓу моделите имаше и два изгледи кои се најава за новата колекција есен-зима 2018/19.
Нема коментари