Наоми Кембел и сестрите Џиџи и Бела Хадид беа дел од манекенките што вчера се појавија на модната ревија во Њујорк со која се презентира соработката на брендот H&M со Џереми Скот, креативниот директор на „Москино“. Кожени фустани, светкави ткаенини, впечатлив и гломазен златен накит, разни шари и принт на ЦД-а… колекцијата MOSCHINO [tv] H&M ја спојува енергијата од улицата со поп културата, гламурот, разиграноста и хуморот.
-Оваа колекција е за моите обожаватели и сакав да им ја подарам нај-Москино колекцијата досега. Настојував да ги вклучам сите елементи кои што можат да се видат на моите модни ревии. Мислев на духот на уличната мода, миксот и ставот на високата мода со хуморот, детали од светот на хип-хопот, како и соодветна доза на блескавило за оној препознатлив Москино изглед – истакна Џереми Скот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари