Модната дизајнерка Мерита Харџи Коци (МХК) од Приштина, деновиве одржа мини модна ревија пред салонот на Wolford во ГТЦ во Скопје, на која претстави ексклузивни фустани кои ги носеа наши познати манекенки. Манекенката Вера Мештеровиќ беше водителка на настанот, ревијата ја отвори мисицата и прва придружничка Билјана Јаневска, а во креациите на МХК продефилираа Светлана Црнокрак, Ведрана Ѓорѓевиќ и манекенка од модната агенција студио Моделс Ин.
Воедно дизајнерката почнува соработка со компанијата Fashion Lady, застапник на светски реномиранитe брендови Wolford, Palmers и Balizza за Македонија, сега и на Мерита Харџи Коци. Компанијата Fashion Lady во 1998 година го отвори првиот специјализиран моношоп на Wolford и тоа е првиот моден салон на бренд во Македонија.
Нема коментари