Во рамки на оф-програмата на Модниот викенд-Скопје дизајнерката Мила Кадриу ќе одржи ревија на 2 декември со почеток во 20 часот во City hall центарот. Една од креациите од новата колекција за есен-зима 2014/15, наречена Crystal ball веќе ја претстави на изложбата на отворено наречена „Арт ограда“ во рамки на десеттиот Моден викенд-Скопје.
-Со „ Моќта на заводливост прикажана преку женственоста на линиите кои ја обвиткуваат, нежноста од материјалите кои јасно испишуваат реченици карактеристични само за Неа- Мила Кадриу ја опишува најновата колекција. За изгледот на моделите од модната агенција „Подиум“ кои ќе ги носат креациите ќе се погрижи официјалниот мејк-ап партнер на десетотото издание на Моден викенд Скопје- АВОН во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ“ и фризерското студио „Бубе Студио Ин“ во соработка со „Lakme“.
Нема коментари