Супермоделите Бар Рефаели и Алесандра Амбросио викендов се појавија на модна ревија на италијанскиот бренд за облека од џинс Replay што се одржа на плажа на грчкиот остров Миконос. Токму таму брендот одржа конференренција за 500 свои бренд менаџери од целиот свет и извршни директори, која што заврши со откривање на колекцијата за пролет-лето 2016 на отворено на сцена на плажата „Намос“. Бар, Алесандра и останатите модели носеа различни видови женски и машки фармерки, јакни и сакоа, летни фустани и повеќе видови маици и блузи.
Нема коментари