После 10 години креативна работа и многу успешни настани и изложби, студиото Just Because на дизајнерката Нина Симовска најавува нова серија на убави настани. „Започнуваме со изложбата на еден од Вашите омилени производи во изминативе три години – рачно сликани ѕвончиња Ride Your Story! Извозете ја и Вие Вашата приказна, на 9 ти мај (среда), во кафе-бар „Че” после 19 часот (пожелно е да дојдете со Вашиот велосипед како би придонеле сите за поубав вело-град ♥). Ќе има многу ѕвончиња, попусти и други изненадувања!“, вели дизајнерката во најавата на настанот.
Повеќе за рачно сликаните ѕвончиња на Нина Симовска може да прочитате и во нашето интервју со дизајнерката на следниов линк:
Нина Симовска: Ѕвончиња за велосипеди дизајнирани со слобода и уникатност
Нема коментари