• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Нина Симовска: Ѕвончиња за велосипеди дизајнирани со слобода и уникатност

Од Ана Несторовска · На август 5, 2016

 

Just Because zvoncinja (14)

Симболите на култните бендови „Пинк Флојд“ и „Секс Пистолс“, апстрактни цртежи, животни, листови  и детски мотиви се само дел од шарите на дизајнираните ѕвончињата за велосипеди – најнови во долгата листа на уникатни креации на македонскиот концептуален бренд  Just Because. Љубовта кон возењето велосипед  ја инспирирало креативката Нина Симовска, која стои зад оваа етикета, да создаде додатоци кои ќе го развеселат и разубават превозното средстсво со кое секојдневно се движи низ скопските улици. Откако добила постар модел велосипед решила да му го освежи изгледот шарајќи го ѕвончето. Така, открила нова пасија и мотивација да создава уникатни ѕвончиња.

-Идејата за изработка на аксесоари за велосипед постои одамна, но реализацијата се случив во оној момент кога го добив мојот прв винтиџ велосипед. Љубовта кон возење велосипед е посебна, оттаму и желбата да се додаде нешто во креирањето на карактерот на велосипедот.Дизајнот на ѕвончињата тематски варира од авторски илустрации, апстрактни реализации до препознатливи симболи на култни бендови како Pink Floyd и Sex Pistols. Неизоставен дел се и оние за најмалите детски мотиви, кои посебно ме радуваат. Досега изработив повеќе од 30 модели, сите се рачно сликани и се уникатни-вели Нина.

nina

>>Почна како дизајнерка на накит, со препознатливите парчиња со патенти, креираше уникатни подароци и украси за домот, па се проба со дизајн на модни парчиња, соработуваше со Ирина Тошева, а изминативе две години целосно им се посвети на цртањето врз разни предмети. Гледано наназад, кои се најклучните и најзначајни колекции или ангажмани со кои посебно се гордееш?
-Последниве две години може да се каже дека сум повеќе фокусирана на цртање и сликарство, земајќи ги во предвид двете изложби кои се случија минатата година, една на илустрации под наслов „Fear is a Liar“ и другата инспирирана од музиката на Pink Floyd-„Is there anybody out there?”Дизајнирањето на накит од патенти секогаш останува посебно уживање бидејќи е неистражен предизвик кој резултира со одлични,мали уметнички дела.Соработката со другите дизајнери посебно ја сакам бидејќи резултатите се секогаш одлични, а пријателствата неизбежни :)

>> Што најчесто црташ? Кои мотиви ти се најголема инспирација и која техника ја преферираш?
-Цртањето и сликањето се широка тема кои ми даваат огромна слобода да експериметирам, што за мене е ултимативна форма на слобода. Инспирација добивам од секојдневниот живот и изложбите најчесто ги работам тематски кои од мене бараат одредена конзистентност во изразот. Ме радува што сум препознатлива по употребата на ливчињата како посебен елемент или некој стих од позната рок-песна.Најмногу работам во акрил техника, заради можноста да постигнам одредени јаки нијанси во сликањето.
Just Because zvoncinja (2)

>> Како се разви љубовта кон сликањето? Дали имаш посетувано посебни школи или обуки?
-Допирот со уметноста го имам откако знам за себе. Целата љубов ја наследив од татко ми, кој исто така е сликар. Кога околу тебе постојано имаш сликарски материјали на дофат, мислам дека е неизбежно а да не се пробаш.Факултет завршив на катедрата за историја на уметност со археологија. Тоа ми отвори огромна дата база за визуелни, хронолошки информации за уметноста во минатото кое ми дава уште поголем мотив и желба да бидам поразлична и водена од сопствениот поглед на свет. Сите ние сме мал совршен дел од таа уметничка приказна.

>> Што сè го сочнува твојот креативен опус во моментов? Какви се креации сега се разработуваат под етикетата Just Because?
-Just Because е комплексна приказна. Иако во последно време фокусирана на сликање, неизоставен дел се креирањето на концептуални парчиња на накит, лампи за домот кои се повеќе стануваат препознатливи за мене и секако неизбежните off road проекти како дизајн на ѕвончиња за велосипеди, сликани масички за кафе, навлаки за перници и сл. Тука се и сликањето на ѕидови како дел од ентериерот и се она што се движи во рамките на моите критериуми за добар дизајн. Уживам кога некој ќе дојде со нова идеја и заедно со клиентот дојдеме до одлична реализација.

nina 01

>> По неколу години работа, ја затвори концептуалната продавница која беше и твое ателје. Тешко ли е да се одржува ваков простор?
-Причината заради која ја затворив концептуалната продавница беше недостатокот од слободно време за креирање. Немањето на работно време ослободува иако на крајот од денот излегува дека е повеќе од нормалното. Водењето на ваков тип на студио во Скопје воопшто не е едноставно, но ги охрабрувам сите што имаат желба или идеја да пробаат бидејќи искуството не би го менувала за ништо.

>>Каде  си сега стационирана? Каде може да се купат твоите креации, дали изложуваш а на некој од базарите или на модните настани?
- Студиото сега се наоѓа во рамките на мојот дом, каде оној што сака да погледне дел од дизајните секогаш е добредојден.Моите креации може да се најдат на мојата фејсбук страна www.facebook.com/simovskadesign. Инаку на дизајнерските настани учествувам секогаш кога имам прилика за тоа. Дружењето со луѓето и дизајнерите секогаш е посебно дури и неопходно за добар прогрес.

Just Because zvoncinja0

>>  Какви ти се плановите,  на што ќе се посветиш летово и во есенскиот период?
-Плановите за оваа есен се големи. Во припреми сум на мојата нова самостојна изложба на уметнички слики која би требало да се случи кон крајот на септември или почеток на октомври. Во план е и уште една нова соработка за која се надевам ќе поразговараме подетално во следното интервју. :)

Just Because zvoncinja01
Just Because zvoncinja02

Just Becauseѕвончиња за велосипедивелосипедмакедонски дизајнериНина Симовскацртеж„Пинк Флојд“„Секс пистолс“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics