Скоро секој ден големите компании и познатите личности донираат пари и потребни ресурси за борба против коронавирусот. Џорџо Армани беше еден од првите што донираше 1,25 милиони евра за да им помогне на клиниките во и институтите во Италија, LVMH и L’Oreal започнаа со производство на антисептици, додека Кристијано Роналдо ги претвори своите хотели во болници во кои сега се сместуваат заразени од Ковид-19.
Филантропија покажа и популарната Ријана која што донираше неверојатни 5 милиони американски долари преку нејзината фондација Клара Лајонел.
Пејачката од Барбадос одлично се залага за поддршка на неколку организации на кои им е потребна помош, а овој пат најголемиот дел од парите ќе бидат искористени за помош на медицинскиот персонал и набавка на потребната опрема, но и за одржување на одделите за интензивна нега и помош во развојот на вакцини и други методи за борба против овој вирус.
Нема коментари