Поп пејачката Ријана инспирирана од големиот успех на својата козметичка компанија Fenty Beauty и од статусот на модна икона одлучи да основа сопствен бренд кој ќе се фокусира на луксузна мода. За таа цел се здружи со најдобрата групација за модна и луксузна роба, LVMH, бизнис империјата во чии рамки функциoнираат Louis Vuitton, Celine, Dior, Givenchy, Fendi, пијалаците Dom Pérignon, Hennessey и Moët & Chandon, брендовите на часовници Hublot иTAG Heuer, врвни козметички компании меѓу кои е и Fenty Beauty.
Викендов и официјално е потврдена соработката со LVMH, a брендот на Ријана ќе го носи името Fenty, односно нејзиното презиме. Новата модна етикета своето деби ќе го има во следните неколку седмици, ќе биде базирана во Париз и ќе продава prêt-a-porter облека, чевли и други модни додатоци. Сè уште не е потврдено дали ќе влезе во официјалната програма на Париската модна недела. Ријана изрази задоволство што ѝ е дадена огромна можност да дизајнира и развива модна куќа од луксузен карактер, која ќе биде во соработка со LVMH, но таа нема да има никакви уметнички ограничувања. Ова е прв нов бренд на LVMH од основањето на брендот на Кристијан Лакроа во 1987 година, како и прв луксузен бренд што го води црна жена. Веста изненадува затоа што LVMH, како и ривалот Kering, многу тешно им даваат шанса на етаблираните дизајнира од рангот на Хеди Слиман и Никола Геские да формираат сопствени брендови. Но, се чини дека групацијата LVMH виде огромен потенцијал во Ријана и ѝ даде историска шанса.





























Нема коментари